ponedjeljak, 9. prosinca 2013.

Мејкап трендови – есен/зима 2013

 

Шминката за новата сезона оди во крајности – од една страна силно привлекува природниот минималистички изглед, а од другата страна натежнуваат вамп усни и драматични очи. Фрлете поглед на највпечатливите мејкап трендови.

Бордо „вински“ усни

 




Вистинско време е да ја почувствувате магијата на драматичните усни. Затемнете го класичниот црвен кармин , насочувајќи се кон бордото кое ја крие хипнотизирачката убавина на нијансите на темното црвено вино.
Темноцрвените усни зрачат со фатална и сексапилна привлечност. За максимален ефект, мејкап експертите советуваат останатата шминка да остане минимална.


Враќање кон „мачкините очи“ од 60-тите

 

Прецизното исцртување на очите со ajlajner во стилот „мачкини очи“ продолжува да фасцинира. Играјте си со дебелината и должината на линијата на горните очни капаци за да ја прилагодите шминката на дневен или вечерен изглед.
Понежен изглед можете да постигнете ако ајлајнерот го замените со сенка за очи која внимателно ќе ја нанесете со тенка четка.

Природен изглед


Кадифената кожа со минимален сјај е најпосакувана за романтичен и нежен природен изглед.
Идејата е визуелно да изгледате како да сте ја заборавиле шминката, па преферирајте бежови сенки за очи, минимално руменило кое на образите ќе ви донесе малку боја како да сте биле изложени на студено ветре и еден слој маскара.



Nema komentara:

Objavi komentar